X
 24.03.2021 Живот

Неверојатна снимка од течење на лава по ерупцијата на вулканот Фаградалсфјал на Исланд

Фотограф направил неверојатна снимка со помош на неговиот дрон во неделата кога почнала да тече лава откако вулкан еруптирал на полуостровот Рејкјанес во Исланд.

Фотографот Бјорн Сеинбек, кој живее во Рејкјавик, направил неверојатна снимка од вулканот Фаградалсфјал со помош на својот дрон кој го испратил да снима над лавата.

Заводот за метеорологија на Исланд соопшти дека ерупцијата е мала и следувала по зголемена сеизмичка активност во регионот. Одделот за цивилна заштита соопшти дека оваа активност не претставува закана за структурите или населбите во областа.



Извор:  The Verge
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот