X
 24.09.2020 Живот

Оваа година нѐ очекува редок небесен феномен: полна сина Месечина

Астрономите известуваат за уште една ретка сина Месечина која ќе го осветли нашето небо вечерта на 31 октомври.

12-те месеци од годината имаат должини што повеќе или помалку се базираат на една орбита на Месечината околу Земјата. Полната Месечина се појавува на секои 29 дена кога Месечината е на спротивна страна на Земјата од Сонцето, што значи дека целото нејзино лице е осветлено. Секој месец има полна Месечина, но бидејќи лунарниот циклус и календарската година не се совршено синхронизирани, на секои три години добиваме две полни Месечини во истиот календарски месец.

Октомвриската полна Месечина, позната и како Месечина на жетвата, ќе се појави првиот ден од месецот. Втората полна Месечина, или сина Месечина, ќе се појави на 31 октомври. Она што ја прави посебна е фактот дека последната сина Месечина се појави на небото во март 2018 година, а ова е првпат да се случува на 31 октомври во сите временски зони уште од 1944 година.

Феноменот познат како „Еднаш на сина Месечина“ не значи дека Месечината ќе биде сина. Додека темносиниот тон на вечерното небо може да влијае врз боите што ќе ги видиме, Месечината најверојатно нема да биде сина.

Кога била создадена фразата „Еднаш на сина Месечина“, тоа значело дека нешто било толку ретко, што сте имале среќа (или несреќа) да го видите во вашиот животен век.

Извор: CNN | Lonely Planet
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот