Винстон Черчил е еден од поважните политичари на 20 век и е најпознат по улогата во Втората светска војна како премиер на Велика Британија. Во 1953 станал витез и ја добил Нобеловата награда за литература, во 1955 се повлекува од функцијата премиер, а во 1963 Џон Кенеди го прогласува за прв почесен граѓанин на САД.
Прочитајте неколку негови цитати:
„Немам ништо да понудам освен крв, труд, солзи и пот.“
„Цената на величината е одговорноста.“
„Ако минуваш низ пеколот, продолжи да одиш.“
„Континуираниот напор – не силата или интелигенцијата – е клучот да се дојде до потенцијалот.“
„Имате непријатели? Добро. Тоа значи дека сте стоеле за нешто, некогаш во Вашиот живот.“
„Да се подобрите значи да се промените; да бидете совршени значи да се менувате често.“
„Никогаш не се откажувај, никогаш не се откажувај, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш – во ништо, големо или мало, крупно или ситно – никогаш не се откажувај освен од пресуди за чест и добра смисла.“
„Успехот не е краен, падот не е фатален: важна е храброста да се продолжи.“
„Историјата ќе биде љубезна со мене затоа што се обидувам да ја напишам.“
„Јас сум оптимист. Не изгледа дека има корист од тоа да се биде друго нешто.“
„Песимистот ја гледа потешкотијата во секоја можност; оптимистот ја гледа можноста во секоја потешкотија.“
„Успехот се состои од одење од неуспех во неуспех без губење на ентузијазмот.“
„Ставот е мала работа што прави голема разлика.“
„Сите големи нешта се едноставни, и многу можат да бидат изразени со еден збор: слобода, правда, чест, должност, милост, надеж.“
„Храброста значи да се застане и да се зборува. Храброста значи исто така да се седне и да се слуша.“
„Потешкотиите со кои сте успеале да изменаџирате се можности кои сте ги освоиле.“