X
 25.07.2018 Наука

Научниците сфатија поради што некои луѓе заболуваат од мултипла склероза?

Научници, во студија објавена во списанието „Мултипла склероза и сродни нарушувања“, велат дека направиле уште еден чекор кон вакцина против мултипла склероза. Мултипла склероза е тешка невролошка болест во која имунолошкиот систем ги напаѓа сопствените нервни клетки, што предизвикува болка, замор и проблеми со видот.

МС се јавува по две вообичаени инфекции, се вели во студијата. Лекарите веруваат дека развојот на вакцината против вирусот Епштајн-Бар може да биде начин за спречување на мултипла склероза. Научниците сугерираат дека изложеноста на две најчести инфекции, детските глисти и вирусот Епштајн-Бар, може да биде причина за МС.

-Развојот на вакцината против овој вирус може да ги направи луѓето имуни на мултипла склероза - се наведува во студијата.

Лекарите не дознале зошто некои луѓе се склони кон оваа болест.

-Имаме некои докази дека изложеноста на Епштајн - Бар вирусот ја прави поверојатна појавата на болеста, но тоа не ни објаснува зошто некои луѓе имаат таква реакција - велат истражувачите.

МС може да биде резултат на две инфекции. Паразитските црви погаѓаат околу една шестина од светската популација - инфекцијата се јавува во цревата, особено кај децата.

Епштајн-Бар вирусот е еден од најчестите вируси кај луѓе со лесни симптоми на воспаление на жлезди. Патрик Кернс од Харвард, кој ја предводел студијата, смета дека алката која недостасува е инфекцијата од паразитски црви во цревата. Инфекциите се чести кај децата и кај војниците во касарните.

-Верувам дека тоа е она што предизвикува МС како ретка подоцнежна последица на изложеноста на овие две инфекции - вели Кернс.

Прво, кога телото е изложено на инфекција со цревни паразити, доаѓа до имунолошка реакција и се создава меморија на белите крвни зрнца за да може, ако тоа биде потребно, телото повторно да се спротивстави на болеста. Ако некој е изложен на вирусот Епштајн-Бар, дури и кога ќе се опорави од болеста, вирусот останува скриен во белите крвни зрнца.

Веќе е познато дека овој вирус предизвикува цела низа на други болести, вклучувајќи и карцином и можно е да станува збор за меморија создадена за одбрана од паразитски црви, па телото, во еден момент почнува да ги напаѓа сличните клетки во човековото тело.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука