X
 29.04.2021 Живот

Благодарение на вакцините, „Фајзер“ се најде меѓу 10. најиновативни компании

„Фајзер“ е првата фармацевтска компанија што се влезе во кругот на најиновативните компании според рангирањето на „Бостон консалтинг груп“ (БЦГ). Креаторите на вакцината против ковид-19 стигнаа до ексклузивните топ-10 на листата, предводени од „Епл“, „Гугл“ и „Амазон“.

Од 2005 година БЦГ го објавува рангирањето на 50. најиновативни компании. На прво место се најде „Епл“, основан од Стив Џобс; на втората позиција е „Алфабет“, матична компанија на „Гугл“, а на трето место е „Амазон“ на Џеф Безос.

По нив следуваат „Мајкрософт“, „Тесла“, „Самсунг“,„Ај-би-ем“, „Хуавеи“ и „Сони“. На десеттото место е американската „Фајзер“, прва во својата област што се најде меѓу првите 10 позиции на табелата.

- Сѐ повеќе компании ги водат иновациите како нивни приоритети, менувајќи го начинот на поставување на своите цели и процеси. Новина се фармацевтските компании - посочува Андрес Анави, управен директор и партнер на БЦГ за Аргентина и Чиле.

Додека „Фајзер“ е првата фармацевтска компанија што влезе меѓу топ-10, на листата се најдоа и „Џонсон & Џонсон“ (20. место), „Модерна“ (42. место) и „Астра зенека“ (49. место).



Компаниите што веќе имаат воведено нови платформи и практики, имаат до четирипати поголема веројатност да добијат приход од нови производи, услуги и модели, во споредба со оние што немаат.

Друга карактеристика на топ-50 компании е тоа што тие промовираат поголема етничка и родова разновидност во нивното лидерство. Таков е случајот со „Мајкрософт“, „Алибаба“, „Циско системс“, „Филипс“ и „Новартис“.

- Веќе неколку години ја анализиравме врската помеѓу различноста и иновативноста. Во извештајот го поставивме прашањето: Што е на прво место - различноста или иновативноста. За да го направиме ова, ние се насочуваме кон податоците од минатите истражувања и откриваме јасни докази дека различноста ја поттикнува иновацијата, а не обратно - објаснуваат од БЦГ.

Анави истакнува дека перформансите на најиновативните компании се рефлектираат и во профитот што го генерираат за акционерите.

Со оглед на тоа дека сè уште недостига поголем интензитет на ова поле, извештајот посочува дека повеќе од 60 отсто од компаниите планираат да ги зголемат инвестициите во иновации оваа година.

Извор: Entrepreneur.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот