X
 26.04.2022 Образование

Штрајкот продолжува во основното и средното образование, утре се отвораат градинките

Покрај надежите за ставање крај на штрајкот на просветните работници, основците и средношколците и утре нема да се вратат во училишните клупи. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, изјави дека голем дел од синдикалните организации не се согласуваат да се стави крај на штрајкот, па тој ќе продолжи и од утре.

-Од вкупно 480 синдикални организации кои дадоа податоци за нивното изјаснување, 388 беа за продолжување на штрајкот од утре, а само 83 беа за прекин - изјави Јаким Неделков.

Најголемиот дел од оние кои биле за прекин на штрајкот, според Неделков, биле синдикални организации од детска заштита, додека оние кои биле за продолжување најмногу се вработени во основното и средното образование.

-Со оглед на резултатите, Советот на СОНК донесе одлука штрајкот во основното и средното образование да продолжи од утре, сѐ до наоѓање на заедничко прифатливо решение помеѓу Синдикатот и ресорното Министерство, односно Владата - рече Неделков.

Тој додаде дека штрајкот во градинките се става во мирување и дека тие од утре ќе почнат редовно да работат.

Јакимов најави и голем протест пред Владата на 4 мај за да се искаже незадоволството од резултатите на преговорите.

Насловна фотографија: Facebook (screenshot)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование