Започната е светска потрага по еден од најпознатите инструменти - оригиналната бас-гитара „хофнер“ на Пол Макартни како дел од проектот „Изгубен бас“.
Проектот „Изгубен бас“ е во потрага по информации за најважната гитара во историјата.
Макартни го купил инструментот за 38 долари во германскиот град Хамбург во 1961 година, но по 8 години гитарата исчезнала. Гитарата била искористена за создавањето на музиката на „Битлси“ во тие години, како што се хитовите „Love Me Do“ и „She Loves You“.
Проектот за пронаоѓање на гитарата го започнала компанијата „Хофнер“. Директорот на компанијата, Ник Вас, ги здружил силите со двајца новинари во обид да ја реши најголемата мистерија во историјата на рокенролот.
Вас соработувал со Макартни и напишал книга за исчезнатата гитара. Според неговите зборови, Макартни го прашал за гитарата, па така започнала потрагата.
Не е јасно што се случило со инструментот, кој најверојатно бил тргнат настрана кога „Битлси“ завршиле со снимањето на нивниот албум „Get Back“ во 1969 година.
- Не се знае каде била ставена. Повеќето луѓе ќе се сетат на неа затоа што станува збор за инструмент што ги создаде „Битлси“ - додава тој.
Извор:
24sedam.rs
Фото:
Wikipedia