X
 29.08.2022 Живот

Проф. д-р Ромина Кабранова, продекан за настава на ФЗНХ - Скопје при УКИМ: „Производството на храна е од стратешки интерес на секоја држава, а земјоделскиот инженер ја има клучната улога“

Производството на храна е од стратешки интерес на секоја држава. Токму затоа Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) ги обезбедува сите услови за квалитетно образование на стручни кадри од областа на земјоделството и производството на храна. Производството на здравствено безбедни земјоделски производи, нивната преработка и заштитата на животната средина претставува голема одговорност на целата заедница, но клучна улога има земјоделскиот инженер како дел од тимот кој донесува стратешки одлуки. Токму затоа, огромна улога има образованието на идните агрономи и создавањето услови за нивно идно надградување следејќи ги новите трендови во земјоделството на глобален план. За сите нас, значајно е да ја препознаеме важноста на оваа струка и при креирањето на политиките на високото образование да ѝ дадеме приоритет.



Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на УКИМ во Скопје во континуитет обезбедува квалитетни услови и високи стандарди при креирањето кадар кој ќе ги применува светските текови и трендови во овој сектор. Со примена на највисоки академски стандарди им овозможуваме на студентите да стекнат компетенции засновани врз современи научни знаења што нашите студенти би можеле да ги извршуваат по дипломирањето. Додипломските студии траат 4 години и завршуваат со изработка и одбрана на дипломската работа. Со стекнувањето на звањето дипломиран земјоделски инженер, секој може да се реализира професионално во некоја од државните институции, приватниот сектор во државата или пошироко, низ целиот свет.

Нашето поднебје сè уште е препознатливо по земјоделските производи кои се со препознатлив квалитет. Затоа, логично би било да се вложиме и да ги искористиме потенцијалот и сопствените ресурси. Оттука, очекуваме дека младите што имаат интерес за овие науки ќе направат вистински избор на факултет каде што ќе го продолжат своето образование. Уписите ќе се реализираат согласно генералниот Конкурс на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Сите подробни информации заинтересираните ќе можат да ги добијат на веб-страницата на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје http://www.fznh.ukim.edu.mk/mk/upisi-i-ciklus/ или директно да го посетат Факултетот кој е лоциран во населбата Автокоманда, ул. 16 Македонска бригада бр.3 во Скопје.

Новите студенти на ФЗНХ имаат можност да студираат на девет акредитирани студиски програми кои веќе неколку години се етаблирани. Тоа се студиските програми: Агроекономика, Анимална биотехнологија, Екоземјоделство, Заштита на растенијата – Фитомедицина, Хортикултура (модул: Градинарство и цвеќарство, и модул: Хортикултура), Квалитет и безбедност на храна, Овоштарство, лозарство и винарство (модул: Овоштарство, и модул: Лозарство и винарство), Поледелство и Преработка на земјоделски производи. Секоја студиска програма има свои специфичности, а сите имаат заедничка база на почетокот од студиите, што прави на свој начин сите студенти да се запознаат со општите принципи на земјоделските науки. Секоја од студиските програми е подеднакво значајна и има свое место на пазарот на труд.

Студентите имаат можност, освен теоретска настава, да работат и практично во реновирани лаборатории, каде што преку лабораториски вежби ќе можат да го потврдат своето знаење и понатаму да го имплементираат на терен. Наставниот и соработничкиот кадар на Факултетот единствено очекуваат тие со љубов и ентузијазам да ја следат наставата, да бидат активни и да ги искористат капацитетите што ги нуди ФЗНХ за да можат да ги совладаат предизвиците со кои ќе се соочат за време на студирањето.
Земјоделско-прехранбениот сектор претставува модерно и технолошки напредно производство кое бара специјализиран кадар. За да се образова ваков високообразован кадар, особено е важно практичното искуство, кога директно од терен се поврзуваат и применуваат искуствата претходно стекнати на производствените и преработувачки капацитети, во прехранбената индустрија, на земјоделските стопанства, истражувачките институти итн.




Проф. д-р Ромина Кабранова

За реализација на студиите, Факултетот располага со 5 амфитеатри, 30 предавални и голем број лаборатории, современа лабораториска и техничка опрема за вршење научноистражувачка работа, пет акредитирани лаборатории за соработка со стопанството, библиотека... Исто така, во континуитет обезбедуваме услови за професионален развој на наставниот, соработничкиот кадар и студентите, согласно модерните движења кои се случуваат во овој сектор во целиот свет. Во рамките на проектните активности,
Факултетот ги вклучува и своите студенти, кои се неизбежен сегмент во реализацијата на научноистражувачката работа. Исто така, овозможуваме мобилност во други високообразовни и истражувачки институции со кои остваруваме успешна соработка и размена на студенти и наставен кадар. Студирањето е поддржано со можност за студентска пракса, редовни теренски активности, симпозиуми, работилници, средби, обуки, студентски смотри, спортски активности за студентите преку кои се врши размена на идеи, зајакнување на постојните и создавање нови академски мрежи, поттикнување дијалог меѓу академската заедница, јавните институции и стопанството, со што сите заедно придонесуваме за зајакнување на овој сектор.

Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на УКИМ во Скопје секогаш води сметка за тоа каков кадар е потребен за стопанството, согласно предизвиците што ги носи времето во кое живееме. Факултетот во континуитет обезбедува квалитетни услови и високи стандарди за создавање кадар кој ќе ги применува светските текови и трендови во овој сектор. Со примена на највисоките академски стандарди, ние им овозможуваме на студентите да стекнат компетенции засновани врз современи научни знаења, во корист на општеството. Производството и преработката на квалитетна и безбедна храна, заштитата на растенијата и животните, одржливото користење на природните ресурси, како и менаџирањето со животната средина создаваат комбинација од широк спектар на компетенции што нашите студенти би можеле да ги извршуваат по дипломирањето.

Производството на храна е од стратешки интерес на секоја држава. Токму затоа Факултетот за земјоделски науки и храна ги обезбедува сите услови за квалитетно образование на стручни кадри од областа на земјоделството и производството на храна. Производството на здравствено безбедни земјоделски производи, нивната преработка и заштитата на животната средина претставува голема одговорност на целата заедница, но клучна улога има земјоделскиот инженер како дел од тимот кој донесува стратешки одлуки. Токму затоа, огромна улога има образованието на идните агрономи и создавањето услови за нивно идно надградување следејќи ги новите трендови во земјоделството на глобален план. За сите нас, значајно e да ја препознаеме важноста на оваа струка и при креирањето на политиките на високото образование да ѝ дадеме приоритет.

За да биде појасна сликата за земјоделството денес, покрај основното познавање на технологиите на производство (од примарното, па сè до преработката – добивањето финален производ) како од растително така и од анимално потекло, денес веќе зборуваме за мултидисциплинарност во земјоделството и негова сè поголема атрактивност во глобални рамки. И во овој сектор сè поголема улога има информатиката, па затоа, т.н. паметно земјоделство (smart agriculture) се очекува многу брзо да биде главен двигател на економските текови не само во високоразвиените земји, туку и во нашата држава. Терминот паметно земјоделство се однесува на употребата на разни технологии (интернет на нештата, сензори, системи за локација, роботи, вештачка интелигенција) на фармите, заради можност за зголемување на квалитетот и квантитетот на земјоделските култури и оптимизирање на човечки труд.
Токму затоа нашиот кадар е препознатлив на светскиот пазар на трудот како исклучително стручен во својата област и на исто рамниште со колегите од другите (европски/светски) универзитети. Секако дека вреднувањето на струката и трудот во нашата држава е нешто за кое треба да размислуваат надлежните институции доколку сакаме младите да останат во родниот крај, да продолжат да работат и да придонесат за побрз развој на сопствената земја. Но независно од нивната одлука, во текот на нивното образование наставниот и соработничкиот кадар на ФЗНХ обезбедуваат соодветна едукација на студентите и нивна поддршка по завршување на студиите.



Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на УКИМ во Скопје се вбројува меѓу најстарите високообразовни институции и претставува еден од основоположниците на високото образование во нашата држава. Како водечка институција од областа на земјоделството и производството на храна, Факултетот оваа година одбележува 75 години од своето постоење и претставува институција со долга традиција и посветеност во доменот на своето работење.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот