X
 07.02.2019 Економија

Повеќето жени-фармери сѐ уште се неформално вклучени во земјоделството

Голем број од жените фармери се неформално вклучени во земјоделскиот сектор или не е регистрирана нивната дејност, поради што здравственото и социјалното осигурување не им се платени. Тоа директно влијае врз квалитетот на нивното живеење, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

На завршниот настан од проектот „Мерење на нивото на зајакнување на жените во земјоделството со примена на експериментален економски метод“ на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, со поддршка на Канцеларијата на UN Women во Скопје, Царовска напомена дека е неопходно да се подигне свеста зошто е потребно жените и формално да бидат вклучени во земјоделството и како носители на дејноста.

- Размислуваме и разговараме за имотот што се споделува меѓу машките и женските деца во семејството, како се наследува земјоделското земјиште, за жените да бидат носители на земјоделската дејност и натаму да ја развиваат. Ваков тип анализи се многу важни за Министерството за земјоделство со посебна поддршка да развива програми кои директно ќе ги поттикнат жените да се вклучат во нивните земјоделски бизниси - истакна Царовска.
Според министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој најави нови мерки, предвидени се 180.000 денари неповратни средства за жените што ќе имаат дополнителна дејност во руралните средини.

Десет отсто од БДП отпаѓаат на земјоделството, но во само една третина во нив се вклучени жените. Исто така, само 20 отсто од регистрираните задруги се водени од жени претприемачи, рече Николовски,

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија