X
 30.06.2020 Технологија

Во Мичиген усвоен нацрт-закон со кој присилното чипирање на вработените станува нелегално

Претставничкиот дом во американската сојузна држава Мичиген минатата недела одобри предлог-закон според кој компаниите не можат да ги принудат вработените да вградат микрочипови, односно тоа станува нелегално. Користењето на оваа технологија во последно време е во подем.

- Со оглед на тоа дека технологијата е во подем во текот на последните години и продолжува да расте, важно е работодавците да воспостават баланс меѓу интересите на компанијата со очекувањата за приватност на вработените - истакна Брона Кал, патрон на законот.


Таа додава дека иако чиповите сега не се голем проблем во Мичиген, таа сакала да се дејствува навреме.

- Додека овие минијатурни направи се во подем, има и сè повеќе повици на работници за заштита на нивната приватност - изјавила таа.


Новите минијатурни микрочипови се со големина на зрно ориз и обично се вградуваат во рацете на вработените за да се следи продуктивноста. Тоа им овозможува на надредените да бараат начини за зголемување на ефикасноста.

Микрочиповите може да ги заменат картичките за отчитување и слично, а нeкои доаѓаат и со технологија на кредитни картички.

Засега технологијата беше безбедна за вметнување во човечкото тело, но доаѓа со нарушување на приватноста. Со новиот закон на работниците во Мичиген би им било дозволено да бидат чипирани, но само ако сакаат. Вака само се дава сигурност дека процедурата не е задолжителна.

Некои сметаат дека чиповите се корисни, а други се плашат од нив. Како и да е, добро е да се има избор во однос на нивното вметнување во нашите тела.

Извор и насловна фотографија: Interesting Engineering
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија