X
 30.07.2020 Здравје

Денес и утре жолта фаза – престојувајте во климатизирани простории, јадете полесна храна

Денес и утре целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, Министерството за здравство апелира дека е потребно да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се:

- Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред сѐ, климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.


- Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор.


- Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.


- Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.


- При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.


На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.


Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје