X
 30.09.2018 Наука

Ново откритие: Цивилизацијата на Маите била многу посложена отколку што мислевме

Во есента 1929 година,  Ана Мороу Линдберг заедно со нејзиниот сопруг Чарлс, летале над полуостровот Јукатан. Додека Чарлс управувал со авионот, Ана направила фотографии од џунглите.

Во нејзините дневници за структурите на Маите, таа напишала дека се затворени со голема вегетација. За светлиот камен ѕид што ѕиркал низ лисјата, Ана напишала дека е неискажливо величествен и пуст - знак дека исчезнала голема цивилизација.

Речиси еден век подоцна, геодетите уште еднаш ја прелетале областа и ги мапирале шумите во Гватемала со ласери. Истражувањето во 2016 година, чии први резултати беа објавени оваа недела, се состои од десетина парцели кои покриваат 2.150 квадратни километри, област поголема од островот Мауи. Ова е најголемото истражување спроведено на регионот на Маите.

1
Фото: Luke Auld-Thomas and Francisco Estrada-Belli/PACUNAM


Авторите на истражувањето ги опишуваат резелтатите како откритие.
-Исто како да ставите очила кога видот ви е маен - вели авторот на истражувањето, Мери Џејн Акуња, директор на археолошкиот проект „Ел Тинтал“ во Гватемала.

Истражувањето покажува дека Маите експлоатирале и манипулирале со нивната околина и географија, вели Акуња. Земјоделството го одржувало големото население.

Анализирајќи ги скенирањата, Акуња и нејзиниот научен тим, успеале да откријат 61.480 стурктури, во кои биле вклучени: 96 километри водотеци, патишта и канали што ги поврзувале градовите, големи фарми за пченка, голем и мали куќи; и одбранбени тврдини што укажуваат дека Маите биле нападнати од западниот дел на Централна Америка.

-Кога ги направивме анализите сфативме дека многу работи имаме пропуштено - вели антропологот Марсело Кануто, од универзитетот Тулан Антониот, водечки автор на истражувањето.

2
Фото: Luke Auld-Thomas and Francisco Estrada-Belli/PACUNAM


Прелиминарните слики од истражувањето беа објавени во февраури.

-Обемот на информации што можеме да го собереме сега е без преседан - вели археологот Сара Паркак.

Со поддршка од фондацијата за наследство во Гватемала, наречена Пакунам, истражувачите спровеле масивно и скапо истражување користејќи откривање на светлината и опсег. Тие мапирале неколку активни археолошки локалитети, плус добро проучуваните градови на Маите како Тикал и Уакакун.

Биле експлоатирани над 95.052 квадратни километри, што го опфаќа целиот низински регион на Маите, па авторите проценуваат дека Маите изградиле 2.7 милиони структури. Оваа структура поддржувала 7 до 11 милиони луѓе за време на Класичниот период на цивилизацијата на Маите, околу 650 до 800 година, во согласност со другите проценки за населението на Маите.

-Археолозите работеа на оваа област повеќе од еден век. Не дека беше целосно непозната, но не знаевме точно што има таму - велат археолозите.

Археологот Арлен Чејс, специјалист за Маите од универзитетот во Невада во Лас Вегас, кој не бил вклучен во истражувањето, вели дека со години тврдел дека општеството на Маите е посложено од она што широко било прифатено.

Во 1998 година, Арлен заедно со неговата сопруга Дајен Чејс, опишале елаборирани земјоделски тераси во градот на Маите, Каракал во Белизе.

-Сѐ уште има многу да се истражува и да се открива - вели Акуња, кој ќе продолжи со истражување на големиот антички град на Маите, Ел Тиндал.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука