X
 31.01.2023 Живот

При поправка на канализација во Рим, пронајдена древна мермерна статуа на Херкул

При поправка на канализацијата под парк во Рим, пронајдена е античка римска статуа на Херкул, која најверојатно датира од времето на Римската Империја (27 г. пр.н.е. – 476 г. н.е.).

- Ова место ни приреди големо изненадување – мермерна статуа во природна големина. Поради тојагата и наметката од лавовска кожа, знаеме дека станува збор за отелотворение на Херкул (Херкулес) -  објави Археолошкиот парк „Апија антика“.

Работниците ископувале на длабочина од 20 метри и нивните активности, како што често се случува во италијанската престолнина, биле надгледувани од археолози. Ваквите наоди се чести на подрачјето на цела Италија – лулката на Стариот Рим.

Во областа на Сиена во ноември лани беше откриена низа од бронзени статуи што останале зачувани под земјата околу 2300 години. Повеќето од 24. статуи биле пронајдени под бањи, заедно со околу 6.000 бронзени, сребрени и златни монети. Во тој период во областа се мешаат постарата етрурска и завојувачката римска култура.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот