X
 31.08.2022 Живот

Негативен природен прираст во второто тримесечје, бројот на живородени деца намален за 6,5 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородени деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6,5% и изнесува 4.379.

Бројот на умрените лица во вториот квартал годинава изнесува 4.760 и бележи намалување од 33,4 % во споредба со лани. Од нив, 22 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -381, што значи, за толку лица бројот на живородени деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 7,3 % во споредба со истиот период од 2021 година и изнесува 2.670 бракови.
Во ова тримесечје добиени се 521 извештај за разведени бракови.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот