X
 31.12.2022 Култура

Даниел Крег повторно во улога на детектив во нов филм на „Нетфликс“

„Нетфликс“ објави едно од најочекуваните филмски продолженија. Станува збор за „Стаклен кромид: нож в грб“ (Glass onion: a knives out mystery), продолжение на филмот „Нож в грб“ (Knives out).

Во него го гледаме Даниел Крег во улога на детективот Беноа Бланк. Покрај него ги гледаме и Едвард Нортон, Кејт Хадсон и Итан Хок, меѓу другите.

Во центарот на филмот се наоѓа детективот кој е упорен да стигне до вистината, а кој го толкува Крег.

Продолжението пристигна на 23 декември на „Нетфликс“. Тоа е напишано и режирано од Рајан Џонсон.



Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура