X
 19.03.2016 Образование

Темната страна на претприемништвото за која никој не зборува

Луѓето во последен период го слават претприемништвото насекаде низ светот. Успешните претприемачи ги ставаме на подиум и ги слушаме без двоумење и сомнеж. Вистината е дека сите зборуваат само за крајниот резултат, а забораваат на крвта, потта и солзите, пишува „Techinasia“.


Иронично, постојат многубројни примери за неуспех во речиси секоја успешна приказна. Извршниот директор на „Evernote“, Фил Лајбин се потсетува на моментот кога речиси бил принуден да ги отпушти сите вработени и да ја затвори компанијата кога добил инвестиција и бил спасен од пропаст.

Проблемот на Фил е проблем на многу претприемачи барем еднаш во кариерата: лош тајминг. Имено, дури и во најмрачните моменти, претприемачите треба да се способни за одење напред со својата идеја. Оваа вродена вештина доаѓа со голема цена кај секој претприемач, а многумина не сакаат да ја споменуваат.

Ендрју Торба за „Techinasia“ пишува дека сè е до осаменоста кога станува збор за претпримништвото. Имено, „претприемачите се осамени“. Успехот може да биде награда, да исполнува, но неуспесите може да бидат депримирачки и стресни. Комбинацијата од добро и лошо е она што го прави претприемништвото вредно искуство за лично учење.

Торба, кој станал претприемач за време на студиите и истовремено продолжил со студирањето и работел, им порачува на претприемачите да зборуваат за овој проблем.

„Во ред е да се чувствувате лошо, но не е во ред да не зборувате за тоа“, пишува тој.

Претприемачите не се роботи, па така и имаат и негативни и позитивни емоционални периоди. Лошите времиња го градат карактерот, знаењето и силата за поголеми предизвици. Големите лекции не доаѓаат од успехот, туку од неуспехот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование