X
 03.11.2022 Живот

Шахот како изборен предмет - обучени се околу 200 наставници, а 50 се заинтересирани да почнат со настава

Придобивките за децата се многубројни, но ќе наведам само неколку: подобрување на концентрацијата, логичко размислување и планско размислување, развивање на интелигенцијата, ги учи децата да го почитуваат противникот. Имајќи предвид дека во шахот најмногу се учи од изгубени партии, се развива чувството дека од грешките треба да се учи, вели Александра Гакидова, секретарка во управниот одбор на Шаховската федерација

Од септември шахот е на листата со изборни предмети во основните училишта во Македонија за децата од прво и второ одделение.
Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) изминатиов период спроведе обуки за наставниците што сакаа да предаваат шах во основните училишта, а во рамките на програмата „Шах во основните училишта“. Обуките сѐ уште траат.

Александра Гакидова, секретарка во управниот одбор на Шаховска федерација, нѐ информира дека досега се обучени околу 200 наставници, а 50 од нив се заинтересирани да почнат со наставата од ова или од наредното полугодие.

Остатокот од текстот прочитајте го на Деца.мк



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот