X
 04.10.2019 Технологија

Изгоре огромна фарма за копање биткоини, уништени компјутери во вредност од 10 милиони долари

Пожар уништи опрема вредна околу 10 милиони долари на голема фарма за копање биткоини во Кина, оперирана од страна на „Иносиликон“. Според експертот за биткоини Маршал Лонг, кој сподели фотографии од пожарот на социјалните мрежи, пожарот избил во понеделникот.

Иако од компанијата не потврдија дека имало пожар, многу експерти за биткоини шпекулираат за ефектите што ги има настанот врз пазарот.

Некои експерти велат дека загубите за мрежата за копање биткоини можеби придонеле за неодамнешниот раст на цената на биткоинот, чија вредност за 24 часа се зголеми за повеќе 500 долари.

Дови Ван, еден од основачите на компанијата „Примитив вентурс“, која работи со криптовалути, процени дека вкупната штета од пожарот била околу 10 милиони долари.

Неколку студии неодамна посочија на штетните ефекти што копањето биткоини ги предизвикува врз околината. Според една студија, до 2020 година копањето биткоини ќе црпи повеќе електрична енергија од количината што ја трошат САД. Друга студија, пак, проценува дека мрежите на биткоини низ светот потрошиле 2,55 гигавати електрична енергија, но дека наскоро ќе достигнат 7,67 гигавати.


Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија