Минатиот месец
Факултети.мк направи онлајн-анкета во која ги запрашавме студентите кој наставник заслужува пофалба за трудот што го вложил во организирањето на онлајн-наставата.
Меѓу оние за кои студентите испратија најмногу пофалби се најде и професорката Ана Павловска-Данева од Правениот факултет „Јустинијан Први“.
Еве што напишаа дел од нејзините студенти:
- Најдобро и на најлесен начин овозможува подготовка на материјалот, затоа што е концизна, јасна и поттикнува интерактивна настава.
Сега ние ја прашавме неа што има да им каже на студентите и да им упати некоја инспиративна порака.
Погледнете ја целата нејзина порака: