X
 09.05.2023 Здравје

Цитокинската бура не е виновна: Истражување го открива вистинскиот убиец на пациентите со ковид-19

Истражувачи од медицинската школа на Универзитетот „Нортвестерн“ во САД заклучија дека смртта како последица од ковид-19 настапува поради секундарно бактериско воспаление на белите дробови кај речиси половина од пациентите на кои им треба помош во дишењето.

Наодите покажуваат дека бактериските инфекции може да се поголема причина за смртност отколку самата вирусна инфекција. Истовремено, заклучоците од истражувањето ја побиваат теоријата дека ковид-19 предизвикува цитокинска бура која доведува до смрт. Изразот го опишува силното воспаление кое доведува до откажување на работата на белите дробови, бубрезите, мозокот и другите органи.

- Нашата студија ја нагласува важноста на превенцијата, откривањето и агресивниот третман на секундарнo бактерискo воспаление на белите дробови кај критично болни пациенти со тешка пневмонија, вклучително и оние со ковид-19 - објасниле истражувачите.


Фото: Pixabay

Истражувачите открија дека речиси половина од пациентите со ковид-19 поврзани со вентилатор добиваат секундарно бактериско воспаление на белите дробови. Податоците посочуваат дека смртноста поврзана со самиот вирус е релативно мала, но други работи, како што е секундарната бактериска пневмонија, ја зголемуваат смртноста.

Истражувањето било спроведено на 585 пациенти на интензивна нега кои имале тешко воспаление на белите дробови. Од нив, 190 имале ковид-19.

Извор: Bug
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје