Словенија ќе вложи четири милиони евра за подобрување и усовршување на образованието на далечина, односно негова дигитализација.
Како што соопшти словенечкото министерството за образование, парите ќе бидат потрошени за подобрување на информатичката инфраструктура и набавка на 4.220 компјутери за сите што немаат или не се во финансиска можност да купат.
Поради пандемијата на новиот коронавирус, во земјата беа затворени сите училишта и факултети, а образовниот процес продолжи преку интернет, видеоврска меѓу учениците и наставниците, односно студентите и професорите.
Средствата за реализација на овие проекти Словенија ги доби од Европската Унија.
Извор: МИА