X
 11.05.2017 Здравје

Нарушување познато кај славни личности што ги прави поразлични од другите

Луѓето со шизоидно растројство на личноста се обично одделени од општетсвото подолго време. Тие имаат потешкотии во изразување на емоциите, минимална желба за интимност и избегнуваат блиски односи со другите по секоја цена.


Алберт Ајнштајн и Бил Гејтс се две познати лица со ова растројство.

Кои се симптомите?

  • Личноста нема желба ниту ужива во блиски врски, вклучително и да биде дел од семејството.
  • Речиси секогаш одбира активности што ги прави сам/а.
  • Со задоволство прави само малку активности или ништо.
  • Има недостаток од блиски пријатели или доверливи луѓе, покрај поблиските роднини.
  • Изгледа индиферентно пред критиките на другите.
  • Покажува емотивно студенило или одделеност.
Причини

Сѐ уште е непознато што го предизвикува ова растројство, но генетиката и факторите во околината, особено во раното детство можат да влијаат на неговиот развој. Ако во семејството некој боледува од шизофренија шансите се поголеми. Исто ткаа, ако родителот ги игнорира емотивните потреби на детето кое е чувствително, тоа може да резултира со долготрајни штети по социјалниот и емотивниот развој кои пак водат до шизоидно растројство на личноста.

Состојбата се дијагностицира со медицинската историја и физички тест. Ако не се најде физичка причина, пациентот треба да се пренасочи кон психијатар или психолог. Понатаму се третира со советување, а главниот фокус е да се зголемат вештините за справување, социјална интеракција, самодоверба и комуникација. Лекови се препишуваат ако личноста страда и од друга состојба како депресија.

Луѓето со ова растројство се генерално функционални во секојдневниот живот, но во некои случаи може да изостанат подлабоките врски и формирањето на свое семејство.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје