Откако сфатија дека се соочуваме со ужасен проблем со загадувањето с опластика, луѓето се обидуваат да го променат начинот на кој живеат. На пластиката ѝ се потребни 1.000 години за да се разложи, па затоа мора да го разбереме влијанието што го има врз нашата околина. Ако наскоро не промениме нешто, ќе се соочиме со ужасна можност за истребување не само на неколку видови, туку и на сите живи суштества на оваа земја.
Но, нова иницијатива за пакување без пластифицирање може да стави крај на загадувањето со пластика. Идејата наречена „SCOBY“ сега ја развива „Мејкгрoулаб“ во Полска. Овој тип на пакување сe развива со користење на локален земјоделски отпад и може да се користи не само за пакување на производи, туку и за складирање на храна. Најдоброто е тоа што е 100 отсто разложливо и не остава ѓубре зад себе.
Креаторите на овој производ имаат за цел да ја подигнат свеста за проблемот со загадувањето со кој се соочуваме.
„SCOBY“ има за цел да почне „биореволуција“
Материјалот што го создава „
SCOBY“ може лесно да се одгледува локално. Не само што користи малку простор, туку и може да се изведе од локални ресурси. Освен што целосно се разложува, пакувањето ѝ помага на почвата да се регенерира.