X
 11.10.2021

Валкана постелнина и лоша услуга: Овој хостел се рекламира како најлошиот на светот

Хостелот „Ханс Бринкер“ во Амстердам им го привлекува вниманието на туристите токму поради антирекламата што ја прави за себе.

Властите на секој хотел сакаат да привлечат нови гости со квалитетна и добра услуга, одлична хигиена и ентериер. Но, хостелот „Ханс Бринкер“ во Амстердам очигледно не е еден од нив бидејќи веќе 15 години се рекламира како најлош хостел во светот.

Станува збор за хостел кој одби да ги сокрие своите недостатоци, па затоа „се фали“, односно ги посочува своите недостатоци.

Во своите реклами тие посочуваат дека имаат валкани чаршафи на креветите, но дека тоа ќе им го зајакне имунитетот на гостите. Исто така, тие не ги кријат искршените плакари или поплавените бањи.

1

Ироничната рекламна кампања се должи на холандската агенција „Кеселкраме“, која направи серија неверојатни реклами за весници и телевизии кои го нагласија фактот дека вие сте виновни ако резервирате соба во хостелот „Ханс Бринкер“.

И покрај тоа, голем број туристи беа заинтересирани да останат во овој хостел - некои од љубопитност, а некои поради достапно сместување.

2

Најчести гости отсекогаш биле млади луѓе со ограничен буџет, кои отишле да го посетат Амстердам.

Фактот дека хостелот се наоѓа во центарот на градот и нуди сместување за 20 евра од една ноќ, исто така, придонесе за неговата популарност.

соба

Извор: b92.net
Фото: Instagram

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk