Алан Вотс се смета за еден од најпознатите толкувачи на источната филозофија за современиот Запад. Тој имал неверојатен и неопислив начин за пишување на непишаното.
Покрај сите квалитети што ги поседувал, овој сјаен писател и говорник имал единствена дарба за изразување на сложените мисли во многу едноставна форма. Едноставниот начин на кој ги прикажувал и изразувал своите размисли го направиле единствен филозоф, некој што можат да го разберат огромното мнозинство луѓе.
Еве неколку од неговите највлијателни магични мисли:
1. Човек страда само затоа што сериозно го сфаќа она што боговите го создале за забава.
2. Матната вода најдобро се чисти кога ќе ја оставите на мир.
3. Да се има верба, значи да се верува на водата. Кога пливате, вие не ја фаќате водата за да ја задржите, затоа што ако го направите тоа, ќе потоните и ќе се удавите. Наместо тоа, опуштете се и лебдете.
4. Што повеќе работата тежнее да биде трајна, таа повеќе тежнее да биде безживотна.
5. Работите се такви какви што се. Гледајќи во вселената ноќе, ние не правиме споредба меѓу добри и лоши ѕвезди, ниту меѓу добро и лошо распоредени соѕвездија.
6. Никој не е толку луд колку оној што секогаш е трезен: тој е како челичен мост без флексибилност, а редот во неговиот живот е крут и кршлив.
7. Ние не доаѓаме НА овој свет, ние доаѓаме ОД него, како лист од дрво.
8. Без раѓање и смрт и без трајни промени на сите форми на животот, светот би бил статичен, без ритам, без танц и мумифициран.
9. Само зборови и правила можат да нè изолираат од целосно недефинираното нешто кое е СЀ.
10. Утрешнината и нејзините планови нема да имаат никакво значење доколку не живеете во контакт со реалноста од сегашноста, затоа што вие сте дел од сегашноста и живеете само во неа.
11. Проблемите што упорно остануваат нерешливи секогаш треба да се означат како прашања кои се поставени на погрешен начин.