X
 13.08.2024 Култура

Нова серија на „Нетфликс“ што наликува на „Твин Пикс“ имала над 7,4 милиони прегледи минатата недела

Серијата „Водич за убиство на добра девојка“ на „Нетфликс“ е меѓу најгледаните серии на оваа стриминг-платформа. Имено, минатата недела оваа серија била изгледана 7,4 милиони пати.

Серијата се базира на истоимениот роман на Холи Џексон, адаптиран од Попи Коган, во режија на Доли Велс.

Дејството се случува пет години по убиството и самоубиството што го потресе градот Литл Килтон, кога популарната матурантка Енди Бел е убиена од нејзиното момче, кој потоа си го одзема животот. Така барем веруваат сите, вклучително и полицијата која го затвори случајот. Но, во тоа не верува Пип Фиц-Амоби, која сега е матурантка. Таа започнува сопствена истрага и може да биде во опасност.



Извор: 24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура