X
 04.02.2022 Култура

Пристигна нов филм за крајот на светот - „Пад на Месечината“

Во кината низ светот почна да се прикажува „Пад на Месечината“ (англ. Moonfall), еден од најочекуваните и најскапи филмовио од независна продукција. Филмот е во режија на Роланд Емерик.

Таинствена сила ја исфрла Месечината од орбитата на Земјата и ја испраќа кон нашата планета. Само еден месец пред очекуваниот удар извршната директорка на НАСА, која ја игра Хали Бери, е уверена дека го има клучот за спас. Меѓутоа, еден астронаут и еден теоретичар на заговори се единствените што веруваат дека на светот му претстои апокалипса. Ова се хероите што ќе тргнат во невозможна, последна мисија во вселената за да откријат дека Месечината не е она што мислиме.

„Пад на Месечината“ бил снимен во Монтреал со буџет од 140 милиони долари, што го прави еден од најскапите независни филмови.

Публиката е поделена за филмот уште од излегувањето на трејлерот, а најмногу критики се упатени кон сцените што се направени компјутерски.


Извор: Klix
Фото: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура