X
 14.05.2020 Образование

Барак и Мишел Обама ќе одржат онлајн-говор за матурантите откако тинејџер ги замолил на „Твитер“

Оваа година беше разочарувачка за многу средношколци чии матури беа одложени поради пандемијата на коронавирусот.

Средношколецот Линколн Дебенхам на „Твитер“ го замоли поранешниот американски претседател Барак Обама да им одржи завршен говор на матурантите од целата земја.


Како одговор на неговиот твит што за брзо време стана вирален, поранешниот претседател и првата дама Мишел Обама сега планираат да го направат токму тоа.

На 6 јуни Мишел и Барак ќе одржат говор на „Јутјуб“ наречен „Почитувана генерацијо 2020“, но нема да биде само обичен говор, туку настан од големи размери на кој ќе настапат Лејди Гага, Алиша Кис, поранешната државна секретарка Кондолиза Рајс и активистката и добитничка на Нобеловата награда за мир, Малала Јусуфзаи.

„Јутјуб“ во партнерство со Повисоката иницијатива за постигнување на Мишел Обама ќе прикажува приказни на учениците и ќе можат да се вклучат ученици од целиот свет.

Ова е првпат поранешен претседател да даде почетно обраќање откако ја напуштил канцеларијата во 2017 година. Додека беше претседател, Обама одржа повеќе од 20 обраќања до училиштата, студентите и универзитетите низ целата земја.

Освен тоа, Обама треба да даде почетна порака на настанот „Да матурираме заедно: Америка ѝ оддава почест на средношколската генерација 2020 година“, кој ќе трае еден час и ќе се одржи на 16 мај. На настанот ќе учествуваат Леброн Џејмс, Малала Јусуфзаи, браќата Џонас, Фарел Вилијамс и многу други ѕвезди.

Извор: Good News Network
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование