Европската студентска унија, го следи болоњскиот процес во државите уште од 2003-тата година. Секоја година се објавува публикација наречена „Болоња низ очите на студентите”. Авторите на овие публикации ја анализираат состојбата и текот на процесот во земјите кои се потписници на Болоњската декларација. Тоа го прават со помош на националните студентски сојузи/унии во различните европски држави, а кои се членови на Европската студентска унија.
Прашалникот за потребите на анализата, го пополниле вкупно 39 национални сојузи на студенти од 35 земји, меѓу кои и Македонија. Неодамна е објавено најновото издание на „Болоња низ очите на студентите” на нивната веб-страница
http://bwse2015.esu-online.org/Introduction која детално дава слика за состојбата со финансирањето, мобилноста, вравотувањето на студентите и на дипломците.
ДАЛИ ПРОЦЕСОТ Е РЕЛЕВАНТЕН?
„Се наоѓаме во време кое е клучно за болоњскиот процес. Постојат многу прашања кои висат во воздух поврзани со болоњскиот процес. Дали овој процес е се` уште релевантен? Дали умира? Како земјите да ги спроведат сите реформи на кои се обврзаа? Дали има земји кои повеќе не се заинтересирани? Сепак, во најмала рака се надеваме дека ќе поставиме основа за во иднина да стасаме до резултати кои им се потребни на студентите”, пишува Елизабет Герке, директор на Европската студентска унија. Како што таа вели, во споредба со претходните години кога бил анализиран секој аспект на процесот, во најновата публикација, од перспектива на студентот се разгледани некои клучни прашања, важни за иднината на студентите.
ФИНАНСИСКАТА СОСТОЈБА Е ЛОША ВО ЦЕЛА ЕВРОПА
Финансиската состојба за многу студенти е турбулентна во последниве години, бидејќи системите за поддршка се негативно погодени – буџетите се намалуваат, приходите на семејствата се намалуваат, има инфлација, а трошоците за живот се се` поголеми.
Финансиската ситуација на студентите е нарушена во речиси сите европски земји во кои се студира по Болоња. На прашањето, каква е финансиската состојба на студентите во нивната земја, одговорот е дека таа е сменета од 2012 година (31 од 38 сојузи рекле дека ситуацијата е влошена. Многу од испитаниците изјавиле дека за тоа е виновна економската криза и намалувањата на буџетитe.
Студентските унии од Македонија и Данска, рекле дека постојат бариери кои ги спречуваат студентите да работат паралелно со студиите. Студентските унии на Шведска и Ерменија пак, нагласуваат дека студентите се` повеќе се потпираат на кредити, а тоа е така поради се` помалкуте можности за вработување по дипломирањето. Намалувањата и на поддршката за сместување и помош околу трошоците за живот, во голема мера влијаат врз студентите во Австрија, Велика Британија, Ирска и Исланд.
Студентите исто така се соочуваат со тешкотии поради тоа што нивните универзитети се соочуваат со намалување на буџетот. Во јануари во Ерусалим се одржа состанок на фокус групи, на кој учесниците објаснуваа за главните прашања поврзани со финансирањето на високообразовните институции во нивните земји.
И ВРАБОТЕНОСТА ОПАЃА
Вработувањето беше една од основните цели на Сорбонската декларација потшишана во 1998 година, со создавањето на областа на европското високо образование, а која имаше за цел промоција на мобилност и вработување на граѓаните. Вработувањето беше приоритет и со Болоњската декларација.
Анализата покажува дека вкупната стапка на вработеност опаѓа. Зголемен е бројот на оние лица кои работат со скратено работно време од 18,8 отсто на 20,0 отсто во периодот меѓу 2008 и 2012 година, и тоа во неколку земји од централна и источна Европа (особено во балтичките земји), Ирска, Шпанија, Италија и Финска. Во многу земји на ЕУ учеството на луѓето кои работат со скратено работно време е сега над 25 отсто, а таков е случајот во Германија и Обединетото Кралство - земјите кои имаат најдобри резултати во борбата против невработеноста.
НА БОЛОЊА И` ТРЕБА ОБНОВА
Повеќе од половина од земјите би сакале да го видат ревитализиран болоњскиот процес. Главниот предизвик кој тие го гледаат за овој процес во наредните години (2015-2018) продолжува да биде потребата да се обезбеди дека сите земји завршиле со спроведување на целите (Финска), да се согледаат разликите во процесот во различни земји (Босна и Херцеговина), да се обезбеди соодветна имплементација на болоњскиот процес"