Во изминатава година, бројот на вработени жени со високо образование се зголемил за приближно 12.000 лица. Порастот во случај со мажите е двојно помал, приближно 6.000. Соодветно, во 2014 година имало 27.804 високообразовани невработени жени во земјава, додека годинава бројот изнесува 21.330. Невработени мажи со високо образование изминатата година имало 15.458, а оваа година бројот е поголем - 19.386.
Според
податоците за активно население од Државниот завод за статистика правиме споредба на вработеноста и невработеноста кај мажите и жените според школската подготовка. За двете години важи еден факт - најмногу вработени во Македонија имаат 4-годишно средно образование. Но, истото може да се каже и за бројот на невработени лица.
Во 2014 година, бројот на вработени лица со високо образование бил приближно ист меѓу мажите и жените,
66.091 наспроти
66.925, соодветно. Оваа година се забележува поголема разлика. Имено, има повеќе вработени високообразовни жени отколку високообразовни мажи,
78.266 наспроти
67.526, соодветно.
Судејќи според
статистиките на Државниот завод за статистика, во последниве 5 години процентуално дипломираат повеќе жени отколку мажи. Изминатата година (2014),
55,9% од дипломираните студенти биле жени.