X
 04.11.2019 Живот

Црниот костим на Оливија Њутн-Џон од „Брилијантин“ продаден на аукција

Комплетот кој глумицата Оливија Њутн-Џон го носи во последната сцена од филмот „Брилијантин“ беше продаден на аукција во Беверли Хилс, Калифорнија, за 405.700 долари, двојно повеќе од очекуваното. Името на купувачот не се соопштува.

Оригиналното сценарио што ѝ припаѓало нејзе исто така е меѓу предметите продадени на аукцијата.

Филмот „Брилијантин“ е од 1978 година, а во него Њутн-Џон ја глумеше тинејџерката Сенди, партнерка на „лошото момче“ Дени, кој го глумеше Џон Траволта.

Прочуениот црн костим, меѓу другото, ја овековечи песната „You’re the one that I want”.

Тесните кожени панталони биле стари две децении кога таа ги облече за филмот. Актерката изјавуваше дека ја ставиле на посебен режим на исхрана.

Розовиот фустан што го носеше на премиерата на филмот е продаден за 18.750 долари.

Глумицата моментно се лекува од рак на дојка и дел од средствата од наддавањето ќе одат на сметката на нејзиниот центар за лекување рак во Австралија.

Извор:МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот