X
 11.12.2018 Образование

Немања дипломирал на два факултета и ја открива најголемата маана на факултетите

Немања Аксиќ од Бор паралелно завршил два факултета, Електротехнички факултет и Хемиски факултет и тоа во определениот рок со просек 9. И кој подобро би знаел, ако не тој, која е најголемата маана на факултетите?

На Електротехничкиот факултет, Немања бил запишан на отсекот физичка електроника, а на Хемискиот факултет - хемичар. Во текот на основното и средното образование тој освојувал многубројни награди на натпревари, а се запишал на два факултета од практични причини - поради резултатите на републичките натпревари бил ослободен од приемни испити.

1
Фото: Milan Ilic


- Два факултета, две шефици на катедра, исти карактери. И двете се однесуваат како да се недостижни, и двете омаловажуваат, и двете се суетни, двете не дозволуваат помладата генерација да стане она што тие се, баш затоа што знаат колку малку вредат. Само една разлика - едната е одговорна за човечки животи. Не сум сигурен, бидејќи сум од оваа помладата генерација. Дали професорите отсекогаш биле толку суетни и себични и дали можеби тоа се случува само денес? Таквите професори се причина за заминувањето на младите луѓе од нашата земја. Таквите професори ја убиваат секоја надеж во науката и напредокот кон подобра иднина. Тие одлучуваат кој ќе биде избран за повисоко звање и кој ќе добие можност да се докаже. Тие имаат една единствена работа, не да придонесат за науката, не да ги поттикнат младите, туку да лобираат низ факултетите и да бидат потпишани на секој можен труд иако не знаат која е целта на тој научноистражувачки труд - пишува Немања на својот фејсбук-профил.

Немања на едно интервју, на прашањето каков совет би им дал на оние што постојано се жалат дека немаат доволно време за учење, вели: - Мислам дека клучна работа е матурантите да знаат со што сакаат да се занимаваат, на тој начин ќе им биде и олеснето студирањето. И самиот знам дека постојат многу работи и поими кои се бескорисни, но тие ви даваат простор да размислувате - не се знае кога информацијата ќе ви биде потребна. Затоа, поставете си цел, направете план, организирајте го вашето време, времето е пари и бидете трпеливи до реализирањето на вашиот сон.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование