Безготовинските начини на плаќање станаа број еден во време на пандемија, иако почнаа да се применуваат и пред 2020 година.
Европа сѐ повеќе преминува на картички, а се помалку користи банкомати. Во Германија конкретно, кризата предизвикана од пандемијата дополнително го забрза постоечкиот тренд, бидејќи луѓето се плашеа од пренесување на на заразата преку парите.
Но, експертите сега засилено предупредуваат на можнi ризици кога луѓето користат картички, посебно кога станува збор за заштита на податоците.
Германски ланец на пекари, со најголем промет во земјата летово се појави на насловните страници на бројни весници затоа што среде пандемија на клиентите им понуди „иновативен попуст“ од 3 отсто доколку плаќаат со картичка, односно не користат готовина.
Всушност пекарата на клиентите им наплаќаше ДДВ од 16 отсто, наместо 19 отсто, што беше една од „корона-мерките“ што властите во Германија ги воведе, со цел да ѝ се помогне на економијата.
Причината за оваа акција?
- Плаќањето со картички или паметни телефони не само што е побрзо, туку и похигиенско - велат од пекарата.
Ова е само еден пример за тоа како компаниите сакаат да ги охрабрат клиентите да користат картички наместо готовина. Во Германија, на пример, првиот скок во примената на безготовински плаќања не беше толку одамна: тоа се случи во 2018 година.
Во 2020 година, продавниците генерираа 56 отсто од својот обрт преку безготовинско плаќање. Тоа не е многу во споредба со некои други европски земји. Германија е накеде во средина.
Фото: Pexel
Земјите каде луѓето најчесто плаќаат со картичка се Луксембург, Франција и Естонија, а
Шведска се наоѓа на самиот врв. Оваа земја е сè поблиску до воведување на дигитална круна.
Интересно е што на северот на Европа многу хотели, барови и локали воопшто не прифаќаат готовина.
Во ЕУ електронското плаќање генерално се промовира како безбеден и брз начин на плаќање. Од друга страна, веќе долго време се води полемика за тоа колку политиката има удел во сè, бидејќи картичките не се „стерилни“, ниту е докажано дека вирусот може да се пренесе преку хартиени пари или монети.
Пандемијата покажа колку е практична безготовинската исплата, тврдат од Брисел. Шефицата на Комисијата, Урсула фон дер Лајeн, ги прогласи дигитализацијата и безготовинскиот начин на плаќање за клучни приоритети, веднаш по заштитата на животната средина.
Дека политиката има влијание врз сè докажува и фактот дека компаниите кои нудат кредитни картички од 2015 година повеќе не смеат да трговците да бараат високи такси како порано, сето тоа благодарение на правилата на ЕУ.
Но, преминот кон безготовинско плаќање подразбира и одредени трошоци, што може да биде проблем за малите продавници.
Онлајн-плаќање
Кога станува збор за клиенти, експертите првенствено се занимаваат со податоци, односно нивна заштита. Оливер Хомел од една консултантска фирма, вели дека загриженоста е особено поврзана со плаќањето со помош на паметните телефони, односно кога за време на процесот на плаќање, на тастатурата треба да се внесе код. Овој код се нарекува NFC-комуникации.
Ова е техника што најмногу се користи за бесконтактно плаќање на помали износи. Многу маркети се опремени со уреди за плаќање на картички без контакт, односно NFC-читачи.
Но, за да може мобилниот телефон да се поврзе со уредот потребно е да инсталирате една апликација. Овој вид на плаќање е особено популарен во Холандија, каде најголемиот број трансакции се извршени преку NFC-читачи.
Зошто е ова контроверзно за Хомел? Бидејќи, како што вели, мобилните уреди не се целосно заштитени од хакерски напади. Покрај тоа, тој забележува дека луѓето што купуваат такви работи, откриваат и каде купувале.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото: Unsplash