X
 17.11.2017 Образование

Неколку илјади книги за големата „елка на знаење“ во Свети Николе

По повод Меѓународниот ден на студентите, 17-ти Ноември, од денес Библиотеката на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе ја краси големата „елка на знаење“. Новогодишната елка, создадена од неколку илјади книги ќе биде во Универзитетската библиотека сè до почетокот на идната година.

Библиотеката на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе располага со голем библиотечен фонд на македонски, руски, англиски, српски, бугарски и други јазици. Библиотеката нуди бесплатно членство за сите студенти на универзитетот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование