X
 27.03.2018 Образование

Филозофскиот факултет организира трибина за името и идентитетот




Еднодневна научна трибина со наслов „Името и идентитетот: академски одговор“ ќе се одржи денеска во големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет на УКИМ, со почеток од 10 часот.

- Нашиот факултет ја реализира намерата за организирање серија научни и јавни дебати за најгорливите прашања и предизвици со кои се соочува македонското општество и држава – информираат од Филозофскиот факултет.

Што се случува во/со Република Македонија, кои се последиците од ваквите состојби за македонското општество, што треба/може да се направи за избегнување штетни последици и за поттикнување позитивен развој на општествените состојби?
Ова се само дел од прашањата за кои ќе се дебатира, а со воведни излагања на трибината ќе учествуваат: акад. Витомир Митевски, проф. д-р Антоанела Петковска, проф. д-р Бранислав Саркањац, проф. д-р Билјана Ванковска, проф. д-р Благоја Јанаков и проф. д-р Далибор Јовановски. Модератор на трибината ќе биде проф. д-р Михајло Поповски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование