X
 18.08.2018 Образование

Доцни платата за јули за просветните работници, реагира Независниот синдикат за образование и наука-НСОН

Независниот синдикат за образование и наука-НСОН денеска со прес-конференција реагираше дека доцни платата за јули за просветните работници.

Претседателот на Синдикатот Томислав Гиевски од пред зградата на МОН рече дека во образованието не се почитува Законот за работни односи, според кој 15-ти во месецот е крајниот рок да се исплати плата за претходниот месец и се сомнева дека плата ќе добијат и во понеделник на 20-ти.

Според НСОН, кој беше формиран оваа пролет, со таквото третирање се деградираат просветните работници кои, велат, би требало да се столб во општеството.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование