X
 19.03.2020 Образование

„Кембриџ јуниверсити прес“ нуди бесплатни учебници онлајн поради пандемијата на коронавирусот

„Кембриџ јуниверсити прес“ овозможува бесплатен пристап до учебниците за високо образование во ХТМЛ-формат.

Сега се достапни над 700 учебници без оглед на тоа дали учебниците претходно биле купени. Бесплатниот пристап е достапен до крајот на мај 2020 година.

- Посветени сме на поддршката на нашата глобална заедница на професори, истражувачи и студенти за време на пандемијата на коронавирусот - изјавија од Универзитетот.

Тие исто така обезбедуваат бесплатен пристап до 80 книги и списанија поврзани со истражувања за коронавирусот, како и бесплатна онлајн-содржина за поддршка на учење од далечина.

ТУКА можете да ги најдете учебниците.

Извор: Thetab.com
Фото: Wikimedia Commons
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование