X
 19.10.2021 Култура

Најпознатите портрети на Рафаело Санти изложени во Археолошкиот музеј

Македонската јавност од денеска, па во наредните два месеца во Археолошкиот музеј во Скопје ќе има ретка можност да ја проследи музејската репродукција на 14 дела од најпознатите портрети на Рафаело Санти (Санцио), од кои два се изложени во најпосетуваниот музеј во Европа, „Лувр“ во Париз. Преостанатите негови дела се изложени во најпознатите италијански галерии: Боргезе и Барберини во Рим, Уфици и Палатина во Фиренца и Националната галерија во Урбино.

Рафаело Санти Микеланџело Буонароти и Леонардо да Винчи ја претставуваат тројката на најголеми уметници и великани од високата ренесанса. Оваа изложба почна да го обиколува светот во 2020 г. по повод одбележувањето на јубилејот - 500 години од неговата смрт. ,,Raffaelo: Opera Omnia” досега била изложена во Финска, Кина, Тунис, Венецуела, Турција, Јужна Кореја и Косово.

фото. Археолошки музеј

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура