X
 20.02.2017 Забава

Како што старееме...

Како што старееме, сфаќаме дека...

- Си зборуваме со себеси, бидејќи некогаш ни е потребен совет од експерт.

- Понекогаш превртуваме со очите „на глас“!

- Не ни е потребно менаџирање на лутината и гневот. Потребно ни е луѓето да престанат да не` нервираат.

- Нашите вештини за комуницирање со луѓето се сосема во ред. Она на кое е потребно да работиме е толеранцијата кон идиотите.

- Најголемата лага која си ја кажуваме себеси е: „Не треба да го запишам, ќе го памтам“.

- Кога бевме деца мислевме дека попладневните дремки се казна. Денес се како мини-одмор.

- Денот кога светот ќе има недостаток од вино е ужасно сценарио за кое не сакаме ни да размислуваме.

- Дури и селотејп не може да ги поправи глупавите, но дефинитивно можe да го пригуши звукот.

- Би било одлично ако имавме можност да се ставиме себеси во машината за сушење десетина минути: би излегле мазни, без брчки и три големини помали.

- „Посреќување“ значи влегување во соба и помнење зошто сме влегле.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава