X
 21.06.2019 Здравје

Кога се прават тестови за алергија и како таа се разликува од настинка кај децата?

Симптомите на алергија на горните дишни патишта се: кивање, назначена секреција од носот, солзење од очите, измачителна кашлица. Како да се разликува алергија од настинка? Клиничката презентација на алергискиот ринит кај возрасните е јасна и лесно се препознава. Кај малите деца тешко се разликува од обична настинка заради сличноста на симптомите. Настинките најчесто се од вирусна етиологија, следени со покачена телесна температура, нарушување во општата состојба, како и претходно опишаните симптоми. Симптомите траат кратко од 7 до 10 дена. За разлика од нив, при алергија нема зголемена температура, симптомите траат подолго, се повторуваат во ист период од годината.
За да се направат алерголошките тестови детето треба да е здраво, да не прима антихистаминици, да нема симптоми кои упатуваат на актуелна алергиска реакција, да не е гладно.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје