X
 21.10.2019 Образование

Промовирана книга на првиот студент што дипломирал на Институтот за психологија на Филозофски факултет

Проф. Цакирпалоглу е првиот студент што дипломирал на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје

„Денес речиси и да не постои човек кој би се согласил со тврдењето дека истражувањето на психичките феномени треба да претставува исклучива привилегија на стручно образованите психолози. Впрочем секој човек, лаик и стручњак, следејќи го автентичниот внатрешен глас насочен кон разбирање на светот на сопственото искуство, се обидува да проникне во длабочините на хуманото однесување, да ја разбере неговата суштина и успешно да ги предвиди сопствените и туѓите постапки“. Ова е извадок од книгата „Психологија на вредности и вреднување“ од проф. д-р Панајотис Цакирпалоглу, која денеска беше промовирана на Филозофскиот факултет во Скопје. За делото зборуваше деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Ратко Дуев, а промотори беа проф. д-р Ана Фрицханд и проф. д-р Дејан Донев.

Проф. Панајотис Цакирпалоглу (во средина) со промоторите

Проф. Цакирпалоглу е првиот студент што дипломирал на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Денес е реномиран професор на Универзитетот во Оломоуц, Чешка. Се смета себеси за скопјанец бидејќи живеел во градов до крајот на 1995. Тука завршил основно, средно и високо образование. Потесни полиња на неговиот професионален интерес се две актуелни теми – мобинг и студентите денес.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование