X
 25.06.2022 Живот

Тинејџерка примена на сите осум колеџи од „Ајви лигата“ со понуди за стипендии во вредност од 4 милиони долари

За повеќето луѓе влегувањето во едно, па дури и две училишта од „Ајви лигата“ би било животно достигнување. Но, една интелигентна тинејџерка од Флорида успеа да влезе не во еден, не во два, туку во сите осум колеџи на „Ајви лигата“ во САД: Браун, Колумбија, Корнел, Дартмут, Харвард, Пен, Принстон и Јеил. Да не ги напоменуваме седумте други високо оценети универзитети на кои таа е примена и понудите за стипендии во вредност од 4 милиони долари.

- Одлучив да аплицирам на сите колеџи и да видам што ќе биде. Немав поим дека ќе ме примат на сите. Се сеќавам дека кога ги примив вестите многу плачев и бев многу изненадена - вели тинејџерката Ешли Адирика од нигерско-американско потекло.

Адирика учела во средното училиште во Мајами Бич. Сега, со сите нејзини престижни писма за прием, оваа девојка ќе биде најновиот член на ексклузивната група студенти. Оваа година „Јеил“ прифати само 4,5 отсто од кандидатите, додека Колумбија 3,7 отсто. Харвард прифати најмал број студенти во својата историја: само 3,2 отсто од кандидатите.


Тинејџерката вели дека нејзината мајка е таа што ѝ ја всадила вредноста на образованието и напорната работа. Сега сета таа напорна работа се исплати. Но, со толкаво богатство на опции за избор, не е ни чудо што тинејџерката не беше сосема сигурна кој колеџ ќе го избере. Иако на почеток се двоумеше помеѓу Харвард или Јеил, таа на крајот се одлучи за Харвард.

- Пред процесот на аплицирање, Јеил беше мојот главен извор. Но, кога направив дополнително истражување за она што конкретно сакам да го правам, а тоа е истражувања во политиката и социјлната политика и работи од таа природа, Харвард едноставно имаше подобра програма - вели таа.

Но, што ја прави апликацијата на тинејџерката толку импресивна што сите осум училишта од „Ајви лигата“ одлучија да ја примат?


Освен што таа е неверојатна во дебатирање и дел од клубот за дебатирање во нејзиното училиште, Адирика успеала да основа и организација за да помогне во зајакнувањето на младите жени во боја. Програмата наречена „Нашата приказна, наша вредност“ обезбедува можности за менторство како и градење доверба и сестринство за младите девојки.

- Кога бев во основно училиште, имав привилегија да бидам дел од програмата за менторство за девојчиња. Менторки ми беа жени од колеџите и тие ме научија на важни вештини, ми влеаја доверба и ми дадоа можност да се изразам. Никогаш нема да го заборавам чувството на утеха што ми го даде нивната поддршка. За жал, како што продолжив средно, тоа чувство на утеха почна да исчезнува. Немаше доволно достапни програми за девојки, а уште помалку за обоени девојки - пишува таа на нејзината веб-страница.

Така, амбициозната тинејџерка одлучи да се вклучи и да ја пополни празнината со создавање на нејзината организација. Таа се надева дека на крајот програмата ќе успее да излезе и на национално ниво.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот