Многу луѓе го сакаат летото, но горештините понекогаш знаат да бидат неподносливи и да предизвикаат зголемено потење, што може да доведе до непријатни мириси. Поради ова, многу луѓе користат дезодоранси, но дерматолог советува дека ова не е најдобрата опција во лето.
Дерматологот Аамна Адел наведува дека дезодорансот, кој многу луѓе го користат во лето за да се чувствуваат посвежо, всушност е една од причините за потењето и непријатните мириси. Затоа советува да не се употребува.
- Треба да го фрлите вашиот дезодоранс в канта. Дезодорансите не прават апсолутно ништо за да ве спречат да се потите. Тие се буквално само мирис кој го покрива мирисот на вашата пот. Искрено, помислата да се меша поттa со тој мирис ми е одвратна - наведува таа.
Наместо тоа, Адел препорачува да се користи антиперспирант, кој активно дејствува на намалување на потењето. Таа објаснува и кога е најдобро да се примени за максимална ефикасност.
- Клучот е што треба да го ставите вашиот антиперспирант навечер. Знам дека изгледа чудно, но искрено, верувајте ми кога ќе ви кажам дека тоа ќе биде најдобрата опција. Кога спиете, потните жлезди исто така спијат, па многу подобро ќе го апсорбираат антиперспирантот и ќе бидат многу поефикасни - вели таа.
Извор: klix.ba
Фото: Freepik