X
 27.08.2020 Образование

Проф. д-р Владимир Радевски: Новата академска година УЈИЕ ќе ја почне со хибридна настава – физичко присуство и онлајн

Интервју со проректорот за настава и дигитализација на УЈИЕ, проф. д-р Владимир Радевски

Проректорот Радевски зборува за начинот на кој УЈИЕ се соочуваше со новите услови предизвикани од пандемијата, како се одвиваше онлајн-наставата, кои се новитетите и дали Универзитетот е подготвен да се приспособи на барањата од соодветното министерство и др. прашања.

Како се одвиваше онлајн-наставата во периодот од почетокот на пандемијата, па сè до завршувањето на оваа академска година?

- Согласно мерките и протоколите донесени од Владата, односно од соодветното министерство, Универзитетот на Југоисточна Европа во еден инклузивен процес донесе соодветни одлуки и ја пренесе својата активност од конвенционална во настава на далечина. Повеќегодишното искуство со електронските системи за управување со учењето како задолжителен елемент во нашите академски активности беше наша голема предност и потенцијал кој во дадените услови го искористивме на најоптимален можен начин. Се разбира, ова подразбираше и нови искуства во однос на целосно синхронизираната настава преку интернет како нова обврска, како и приспособување на начинот на изведување на колоквиумите и испитите. Универзитетот донесе измени во својот академски календар за најдобар соодветен одговор на новите предизвици и организира интензивна техничка поддршка за својот кадар за реализација на академските и административните активности.

Свесни за успешноста, но и за предизвиците на наставата на далечина на која моравме да пристапиме, истовремено почнавме и активности за реално подобрување на можен онлајн-начин на настава како нареден предизвик за Универзитетот. Така, вообичаените редовни обуки што Универзитетот ги организира за својот кадар секоја година по летната и зимската испитна сесија, оваа година ги посветивме целосно на тема поврзана со успешна и суштинска онлајн-настава како начин на понуда на секој предмет од академското портфолио.

Дали Вашиот универзитет е подготвен целиот наставен процес да го одвива онлајн, ако тоа го побара или препорачува Министерството за образование и наука?

- Како што споменав, двете сесии на обуки во текот на летото беа посветени целосно на академската подготовка за онлајн-настава. Имавме разгледување на примерите на добра практика од нашиот кадар, имавме дискусии и работа реализирана во рамките на секоја академска единица, но имавме и предавања и дискусии водени со вклучување на далечина [B1] од нашиот партнер-универзитет, Универзитетот Индијана од САД.

Програмите што ги нудиме се во голема мера погодни и за онлајн-понуда по својата природа, а академскиот кадар е упатен и подготвен за приспособување на процесот на учење од конвенционален кон онлајн-начин на настава. Универзитетот донесе одлука и за инвестиции во делумно доопремување за обезбедување услови за изведување на наставата онлајн. Сепак, академската заедница и студентите се свесни дека конвенционалната настава на кампусот на Универзитетот е најпосакуваниот и најдобар начин за правилно академско напредување. Така, нашата подготвеност за онлајн-настава ја сметаме како градење на нашиот капацитет, одговор на потребите на студентите од странство и оние со посебни потреби, а по потреба и за приспособување на санитарните мерки што би биле во сила.

Кои се новитетите и дали сте подготвени да се приспособите на барањата од соодветното министерство?

- Базирајќи се не само на нашите, туку на искуствата на партнерските универзитети и нашите меѓународни контакти, ние сме секако подготвени за приспособувања за начин на настава кој ќе биде возможен или баран според околностите. Новитети се подобрата техничка опременост, подготвеноста на секој предмет за хибриден начин на изведување на наставата во нашите електронски системи за управување со учењето, континуираниот ангажман на кадарот кон приспособување на материјалот за суштинска онлајн-настава и приоритетноста со која управата на универзитетот се занимава со овој проблем. Истовремено нашите простории и кампусот во целина се организирани и означени соодветно на мерките за физичко присуство, а со тоа и подготвени за кадарот и студентите.

Дали Универзитетот има конкретен план за онлајн-настава во новата академска 2020/2021 година?


- Во услови на непредвидливост и на самата ситуација и на мерките што би биле донесени за високото образование ние попрво зборуваме за подготвени конкретни планови и пристапи за организирање на академскиот живот. Ние подготвуваме распоред и наставни ангажмани со хибридна настава, односно физичко присуство на кампус организирано според протоколите, но можност за скратени часови на физичко присуство на сметка на покривање на наставата и онлајн. Студентите што не се во можност да присуствуваат на настава ќе можат да го сторат тоа следејќи ги преносите во живо, а ќе имаат пристап и до сите материјали во електронска форма. Вложуваме многу во зголемена интерактивност на целиот процес, и тоа и во делот на методите на настава и оценување, но и во поддршката која наставниот кадар е подготвен да ја понуди на кампусот и онлајн.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование