Ракот на панкреас е еден од најсмртоносните облици на рак. Тешко е да се дијагностицира во рана фаза, па затоа симптомите се забележуваат во напредните фази, а опциите за третман се ограничени. Се прават напредоци во поглед на лекувањето на ракот, но засега нема сигурен третман. Меѓутоа, ново истражување може да помогне.
Група истражувачи од лабораторијата „Колд спринг харбор“ во Њујорк откриле еден протеин кој го започнува и забрзува создавањето на тумори во панкреасот. Протеинот наречен СПСФ1 помага во регулирањето на генетскиот процес на спојување на РНК.
Научниците откриле дека високо ниво на овој протеин предизвикува воспаление кое често доведува до агресивен рак на панкреасот.
Научниците ги донеле заклучоците врз основа на анализа на животни и посочуваат дека треба да се направат дополнителни истражувања за сознанијата да се применат во практика.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay