Антоније Пушиќ, попознат како Рамбо Амадеус, на својот фејсбук-профил објави неколку совети кои, според него, можат да му помогнат на човек кога ќе се најде во стресна ситуација или кога се чувствува скршено.
Статусот ви го пренесуваме во целост.
„Секој човек минува низ фази на безнадежност, нерасположение, тага, разочарување, страв. Цивилизирано е, но и крајно практично да се преземат мерки за да се надминат лошите чувства.
Еве список со активности што може сосема бесплатно или извонредно евтино да се прават со цел поправање на расположението.
1. Наутро - штом ќе се разбудиме - млака лимонада од половина лимон.
2. Лесно растегнување, истегнување, блага гимнастика.
3. Избегнување да читаме секакви вести - да избереме само еден извор - портал, кој пренесува вести реално, студено, без вишок емоции.
4. Да престанеме да ги следиме на социјалните медиуми сите оние што зборуваат за проблеми, а не нудат никакво решение.
5. Да шетаме - пешачењето е врежано во нашите гени уште откако сме биле собирачи - извонредно помага.
6. Разменувајте нешта, алат, гардероба со пријателите - забавно е и корисно.
7. Поправајте работи по дома - исплатливо е и го подобрува расположението.
8. Читајте книги - верувајте ми, покрај многуте досадни, има и баш интересни.
9. Следете научни портали - на пример, space.com - не е лошо да се познава космосот, полесно се варат земските проблеми.
10. Кога и да ви текне, дишете побавно и подлабоко. Кислородот, сепак, е наше основно гориво.
11. Насмевка на лицето - поради повратните неврофизиолошки спреги меѓу максилофацијалните мускули и малиот мозок - добро влијае врз расположението. Научно е докажано, а проверено на личен пример.
12. Возете велосипед, ролшуи, скејтборди, тротинети, електрични велосипеди, избегнувајте возила што создаваат бучава. Одат на нерви.
13. Јадете помалку месо.
14. Подарувајте сѐ што не ви треба. Вишокот работи само заземаат простор во мозокот, кој е најскап.
15. Сакајте некого или нешто - бесплатно е и добро е чувството.
15. Одгледувајте билки во станот - јас имам рузмарин, сакам рузмарин.
16. Задолжително барем еден час дневно поминете го во тишина.
17. Слободно дополнете го списокот.
Не е на списокот, но ако случајно имате пари, запишете се во школа за едрење. Никогаш не сум сретнал депресивен едриличар.“
Извор:
Lola Magazin
Насловна фотографија: Facebook