Компанијата „Вест џапен рејл“ ја носи роботиката на ново ниво со огромен хуманоиден робот за одржување на железничката инфраструктура.
Компанијата ќе користи голем робот кој има облик на човек за поправање трамвајски жици. Роботот има хидрауличен кран кој може да крева тешки делови.
Роботот бил изработен во соработка со компанијата за технологија за железничка сигнализација „Нипон сигнал“. Тој е прототип и ќе почне да се употребува во 2024 година.
Сепак, тој ни нуди еден мал поглед на она што нѐ очекува во иднина кога станува збор за развојот на технологијата за инфраструктура.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)