X
 29.05.2018 Живот

Трамп би добил единица за правописот во писмото испратено до Ким Џонг-ун

Поправките направени на писмото на Доналд Трамп до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун укажуваат дека Трамп би добил единица за правопис.

Корисниците на социјалните мрежи го прегледале писмото на Трамп - неколку верзии од писмото веќе се појавија онлајн, со поправки направени со црвено пенкало.

Измените на писмото му даваат увид на Трамп во неговите грешки - од граматички до фактички неточности.

1
Фото: Ryan Sheffield


- Дојди после часови, Доналд. Нема да добиете позитивна оценка ако наскоро не покажете подобрување - пишува во една забелешка оставена на неговото писмо.

Исто така, белешките го поттикнуваат Трамп да поработи на својот речник, особено укажувајќи на делот каде што го употребил зборот „убаво“ за да го опише ослободувањето на американските заложници од страна на Ким Џонг-ун.

Трамп напишал: - Сакам да ви се заблагодарам за ослободувањето на заложниците, кои сега се дома со нивните семејства. Тоа беше убав гест што многу го цениме.

Личноста што го поправала писмото вели: - Земањето заложници е „убаво“? Повторно, речник!

Другa верзија од писмото, што му дала тројка, забележа дека Трамп во писмото споменал нешто неважно, меѓутоа, во секој случај го вклучил.

2
Фото: Twitter


- Ако е неважно, тогаш зошто воопшто се споменува? - пишува во забелешката.

Писмо до наставничка по англиски јазик

На интернет се појави уште едно писмо што го добила пензионирана американска наставничка од Белата куќа.

61-годишната Ивона Мејсон, поранешна наставничка по англиски јазик, добила писмо од Белата куќа и била шокирана од граматичките грешки во текстот. Таа ги потцртала сите грешки што ги пронашла, ги поправила и го вратила на адресата на испраќачот.

Таа вели дека писмото би било оценето со тројка доколку би било напишано во основно, а двојка во средно училиште.

- Кога ќе примите писмо од највисоко ниво, очекувате барем да биде технички правилно - вели таа.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот