Атлантскиот Океан полека се шири, а научниците не можат да сфатат зошто.
Кога научници од Италија и од Велика Британија пуштиле 39 сеизмометри на
дното на Атлантскиот Океан во 2016 година за подобро да ја разберат сеизмичката активност под површината, очекувале нивните откритија да бидат „здодевни“. Наместо тоа, откриле необичен феномен што се чини дека го поттикнува ширењето на океанот и го менува она што се знае за движењето на тектонските плочи.
Се чини дека дното на океанот е жариште за сеизмичка активност, според истражувањето на тимот објавено во списанието „
Нејчр“.
Под Средноатлантскиот Гребен, извори на магма од долните слоеви ја притискаат земјата кон водата. Ова е истиот феномен што ги создал вулканските острови, како Хаваи и Исланд, но во овој случај магмата не еруптира и не стигнува до површината.
Научниците претпоставувале дека Атлантскиот Океан е помирен од Тихиот, барем од геолошка гледна точка. Меѓутоа, новото истражување покажува дека тој е многу поактивен отколку што се мислело. Сепак, треба да се направат уште истражувања за да се разбере што се случува, велат истражувачите.
Автор: Ден Робитски
Извор:
futurism.com
Фото: Pixabay