X
 30.07.2020 Образование

Онлајн-наставата во средно падна на тест – заклучок од истражување направено со 1046 ученици и наставници

Средното образование не овозможи услови за квалитетно спроведување на далечинска настава е главниот заклучок на националното истражување за спроведувањето на далечинската наставата во средното образование за време на Ковид-19 спроведено од Здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“ во соработка со фондација „Конрад Аденауер“.

Истражувањето е спроведено во периодот од 25 мај до 15 јуни, на репрезентативен примерок од 639 ученици и 407 наставници од сите 8 статистички региони на Македонија.





Анализата покажува дека една од причините е тоа што дигиталните алатки во 64% од случаите или ретко (еднаш во две недели или еднаш во месецот), или воопшто не се употребувале во редовната настава, како и тоа дека 51% од учениците никогаш не биле обучени од своите наставници за тоа како да користат дигитални алатки за потребите во наставата.


55,5% од учениците ја оцениле наставата како просечна, доволна и недоволно добра, а една третина сметаат дека наставата малку или воопшто не помогнала во изучување на материјата. Како една од причините е начинот на кој се одвивала истата, каде најдоминантен и најфреквентен начин на спроведување на наставата е испраќањето задачи и презентации со 61% застапеност.


Според одговорите, платформата „Едуино“ изработена од МОН и УНИЦЕФ, се користела само во 1% од случаите.



Како следна причина е тоа што дигитализацијата во образованието е на многу ниско ниво, каде што само 51% од училиштата имаат интернет-конекција за користење, а од нив, во 53% од случаите истата не е отворена за користење за учениците.


Исто така, наставниците никогаш немаат добиено обука за користење на дигитални платформи и во 37% од случаите, онлајн -предавања и дигитални алатки се користат во помалку од половина вкупниот број на предмети.





Координацијата при реализирањето на наставата била многу слаба со отсуство на унифициран пристап за спроведувањето на наставата од сите наставници и отсуство на посебни распореди за онлајн-настава која вклучува онлајн-часови во најголем дел од случаите.

Наставниците известуваат дека оценувањето било нереално и не постоел систем за оценување кој е прилагодени на моделот на далечинско учење. Од друга страна, во ниту едно училиште во периодот на спроведување на наставата на далечина, не била спроведена планска и суштинска евалуација на далечинското учење.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование